недела, 20 октомври 2024

Филмско деби на Меси во Мајами, гол во 94. минута од слободен удар за победа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот меѓу Интер Мајами и Круз Азул беше во рамките на Лига купот во кој играат екипи од Северна и Централна Америка.

Стадионот беше распродаден одамна, сите го чекаа дебито на Меси. Тој во игра влезе во 54. минута заедно со Бускетс. 

Интер Мајами имаше водство од првото полувреме со гол на Тејлор во 44. минута, во 65. минута Антуна изедначи на 1-1.

Вистинска ерупција се случи кога Меси во 94. минута постигна гол од слободен удар за победа на Мајами од 2-1. Тие што ги платија скапите карти не зажалија за вакво деби на нивната нова ѕвезда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ