сабота, 27 јули 2024

Филмскиот грабеж со ренџ-ровер во Куманово е расчистен, уапсени македонски и косовски државјани

Уапсени се шест лица, од кои двајца од Косово, кои се сомничат за грабежот од 15 март на граѓанин во Куманово, во чие возило удриле со ренџ-ровер, му одзеле торба со пари во која имало над 7 милиони денари во разни валути и избегале, а потоа џипот го запалиле.

Објавено на

часот

Сподели

Во полициското соопшение се вели дека СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ц.(29) од Косово, В.А.(25) од Скопје, М.С.(31) од Скопје,  Б.Ш.(33) од Косово, Д.К.(26) од Косово и Е.А.(32) од Скопје поради постоење основи  на сомнение за сторено кривично дело разбојништво по член 237  од Кривичниот законик.

„Пријавениот Е.А. на 21.02.2024 во СВР Скопје лажно пријавил кривично дело одземање на моторно возило марка ренџ ровер со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат М.А..

Потоа, на 15.03.2024 на улицата Доне Божинов во Куманово, пријавените со возилото ренџ ровер удриле во возилото фолксваген пасат на С.С.(63) од Куманово, по што со закана со огнено оружје му одзеле торба со вкупно 7.512.170 денари во разни странски валути“, соопштија од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ