среда, 26 март 2025

Филмска потера во Париз, 10 полицајци повредени откако се забиле во БМВ (ВИДЕО)

Тринаесет лица, меѓу кои десет француски полицајци, се повредени во верижен судир што следел по бркотница низ улиците на Париз, соопштија властите.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Возачот одбил да застане на барање на полицијата во саботата наутро, што предизвикало потера долга неколку километри, соопшти обвинителството во Париз.

Потерата завршила кога возачот изгубил контрола над БМВ-то и удрил во столб на семафор, а во него удриле двете полициски возила кои биле позади него, соопшти обвинителството.

Сè започнало околу 5:45 часот, кога возачот поминал на црвено светло и одбил да застане на полициски знак, потврди полицијата.

„Три полициски возила потоа започнаа потера која траеше неколку километри“, соопштија од државното обвинителство, додавајќи дека постои сомневање дека возачот во моментот на потерата бил под дејство на алкохол или дрога.

Потерата продолжила низ 15-тиот арондисман, каде возачот изгубил контрола над автомобилот и удрил во столб на семафор.

Едниот полициски автомобил удрил во задниот дел од возилото, а другиот набрзо потоа удрил во првиот, кревајќи го над автомобилот на осомничениот.

Сведок за Паризиен изјави дека првично мислел дека „наредените и згмечени автомобили се дел од филмски сет“.

Безбедносните камери ги снимиле вооружените полицајци како излегуваат од возилото по несреќата, извлекувајќи еден патник од автомобилот и соборувајќи го на земја.

Десет полицајци се здобиле со полесни повреди и се пренесени во болница, соопшти париската префектура.

„Чудо е што никој не загина“, напиша пратеникот одговорен за областа, Ентони Самама, на Икс.

„Време е да се заострат казните, кои во моментов се ограничени на две години затвор и парична казна од 15.000 евра“.

Сите повредени полицајци оттогаш се пуштени од болница, потврди синоќа началникот на париската полиција Лоран Нуњез.

Тој додаде дека возачот и двајцата сопатници се уапсени и пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.

Возилото не е пријавено за украдено, а за сите тројца во тек се токсиколошки тестови за присуство на дрога и алкохол.

Лицата се на возраст од 30, 22 и 19 години, од кои двајца се француски државјани познати на полицијата. Двајца имаат криминални досиеја, рече Нуњез.

Нуњез им се заблагодари на сите полицајци кои учествуваа во оваа интервенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ