сабота, 27 јули 2024

Филмска акција на иранските специјалци: пресретнат танкер со американска нафта (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Заробувањето на бродот Едвентиџ свит во сопственост на Турција во четвртокот претставува најнова заплена на танкер од страна на Иран и доаѓа во време на растечки тензии со Соединетите Американски Држави поради нуклеарната програма на Техеран.

Иранските власти тврдат дека танкерот е запленет откако се судрил со ирански брод, меѓутоа нема докази за таквите тврдења. Техеран запленетите бродови досега ги користеше како адути во преговорите со Западот.

На снимката се гледа како командосите со јажиња се спуштаат на палубата на танкерот од хеликоптер во воздух. Објавена е и фотографија од еден командос до крената тупаница откако ја презеле командата над бродот.

Петтата флота на американската морнарица соопшти дека последниот танкер е најмалку петтиот брод кој Техеран го запленил во последните две години.

„Постојаното малтретирање на пловилата од страна на Иран и мешањето во правата на пловење во регионалните води претставуваат закана за поморската безбедност и глобалната економија“, се наведува во соопштението на американската Петта флота.

Турската компанија која е сопственик на бродот соопшти дека танкерот до пристаништето го придружувала иранската морнарица поради меѓународен спор. Сите 24 члена на екипажот се Индијци.

Ормускиот мореуз е рутата низ која минува петтина од светската нафта и е клучен за светската трговија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ