сабота, 27 јули 2024

Филмот на Митевска премиерно во Берлин на 11 февруари

Објавено на

часот

Сподели


Киното Интернационал се смета за една од најубавите киносали во Берлин. Во ова кино се прикажуваат голем број од премиерите што се во селекцијата Панорама специјал.
На 11 февруари Берлинскиот филмски фестивал ќе организира и прес-конференција за екипата на филмот „Жената што ги избриша своите солзи“, соопшти продукцијата Митевски.

Филмот ќе има уште четири официјални проекции организирани од фестивалот. Ќе бидат организирани и уште две дополнителни проекции за време на фестивалот, една за дистрибутерите, киноприкажувачите и селекторите на други фестивали, и една за новинарите.

Изработката на промотивниот материјал ја водеше Ричард Ломбард, кој е постојан соработник на авторите како Сокуров, Аки Кауризмаки, Бруно Демонт, Ари Форман, Ханеке, додека интернационалната прес-конференција ќе биде покриена од страна на Белгиската агенција ПР Фактори, една од водечките прес-агенции со огромно искуство за авторски филмови.
Официјалниот постер за филмот го изработи словенечката графичка дизајнерка Јасна Андрич.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ