недела, 19 мај 2024

Филмот „Киука – Пред летото да заврши“ ќе има светска премиера на Канскиот фестивал

Филмот „Киука – Пред летото да заврши“ во режија и по сценарио на Костис Харамуданис, копродукција помеѓу Грција и Македонија,  светска премиера ќе има на 15 мај на Канскиот филмски фестивал, на отворањето на фестивалската програма  АЦИД што ќе трае до 24 мај.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Агецијата за филм која го поддржа снимањето на филмот, Лист Продукција е македонски копродуцент на дебитантскиот филм на режисерот Харамуданис со Марија Димитрова и Игор Иванов како копродуценти, додека Херетик од Грција е главен продуцент со Данае Спатхара, Јоргос Карнавас и Константинос Контовракиси како продуценти.

„’Киука – Пред летото да заврши’ е приказна за едно тричлено семејство кое, како и секое лето, плови со својата едрилица до островот Порос, каде што таткото Бабис и децата Константинос и Елса, кои се веќе на прагот на полнолетството, го минуваат годишниот одмор. Додека пливаат, се сончаат и создаваат нови пријателства на островот, децата случајно ја запознаваат Ана, жената која ги родила и ги напуштила уште во најраното детство, со што ќе отпочне едно горко-слатко патешествие на созревање под летното сонце, додека долгогодишната огорченост на Бабис избива на површина“, соопшти Агенцијата.

Снимањето на филмот се одвиваше во октомври 2022 година во Атина и на островот Порос, додека постпродукцијата се работеше на релација Атина – Скопје.

Главните улоги ги играат Симеон Цакирис, Елса Лекаку, Константинос Георгопулос, Афродита Капокаки и Елена Топалиду. Македонската екипа во овој филм ја сочинуваат Михаил Димитров, Игор Поповски и студијата за постподукција Аудио Хаус и Слобода филм.

Програмата на АЦИД – Асоцијација за дистрибуција на независен филм на Канскиот филмски фестивал годинава ќе го има 32-то издание кое ќе биде отворено токму со овој филм. Оваа програма е креирана во 1993 година и прикажува девет  долгометражни филмови, фикција и документарци.

„Овие филмови се избираат од стотиците пристигнати филмови од цел свет од страна на петнаесетина филмаџии, членови на асоцијацијата“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ