Филков најавува нов Кривичен законик, без контроверзните измени од 2023

Министерството за правда многу брзо на Владата ќе ѝ претстави кратки измени на постоечкиот Кривичен законик, кои се однесуваат на кривичните дела поврзани со борбата против корупцијата. Министерот Игор Филков во интервју за Плусинфо.мк објаснува дека овие промени се неопходни тие да му претходат на донесувањето на новиот Кривичен законик.

часот

Министерството за правда наскоро пред Владата ќе излезе со „кратко законско решение“ за измени во постоечкиот Кривичен законик, со кое треба да се отстранат штетните последици од законските измени на КЗ од 2023 година, вели министерот за правда Игор Филков.

Идејата е да се унапредат одредбите за законските битија и да се заостри казнената политика, преку зголемување на постојните казни за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластувања“. Се планира и проширување на опфатот на кривичните дела за проширената конфискација, како и вградување на некои нови кривични дела кои се резултата на современото општество и технологијата.

Филков за случајот со Артан Груби и судијата Беџети вели дека Министерството за правда нема никаква улога во водењето на конкретни истраги или за обезбедување на докази кои се однесуваат на поединци, туку тоа се постапки кои се водат од надлежните органи. „Сѐ поинаку би било мешање на властите и нарушување на принципот на правната држава. Нашата цел е да создадеме правна основа – сите обвиненија да се разгледуваат согласно со законот, применувајќи ги сите механизми на правната држава, без разлика на позицијата или на функцијата на лицето кое е во прашање. Но, би сакале и очекуваме, веднаш откако ќе бидат обезбедени сите докази, нашите институции да постапуваат и одлучуваат во транспарентен и ефективен процес.

Како што е познато, Груби е ставен на црната листа од Стејт департментот на САД и неговиот случај е разгледуван од страна на надлежните органи. Треба да се разјасни дека каква било соработка со властите на Албанија или со други наши стратешки партнери се води во рамките на законските прописи и процедурите кои се важни за меѓународните односи. Она што би сакал да го нагласам е дека во овој момент најбитно е лицето за кое говориме своеволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата, како што вели – невиност, за која досега зборува само по социјалните мрежи. Во спротивно, ќе се погрижиме со сите средства кои ни стојат на располагање лицето да биде вратено во државата и спроведено до органите на прогон и судот“, рече Филков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ