сабота, 27 јули 2024

Филипинскиот претседател за Путин: Јас убивам криминалци, а не деца

Објавено на

часот

Сподели

Ова е првпат Дутерте, кој претходно отворено го нарекуваше Путин „идол“ и пријател, да го критикува рускиот претседател поради инвазијата на Украина. Дутерте притоа тврдеше дека војната, која трае веќе три месеци, доведе до нагло зголемување на цената на нафтата, што има негативно влијание врз многу земји, вклучително и Филипините.

Иако Дутерте во синоќешниот говор рече дека не го осудува рускиот претседател, тој рече дека не се согласува со терминот „специјална воена операција“ (како што Кремљ ја нарекува инвазијата на Украина), велејќи дека се работи за „тотална војна против една суверена земја“.

„Многумина велат дека јас и Путин сме убијци. Одамна ви кажав на вас, Филипинците дека навистина убивам. Но, јас убивам криминалци, а не деца и старци“, рече Дутерте на средбата со клучни владини претставници, што беше емитувана на телевизија, па додаде: „Ние сме два различни света“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ