понеделник, 10 март 2025

Филипините ќе распоредат 7000 полицајци со цел да го уапсат поранешниот претседател Дутерте

Филипинската национална полиција (ПНП) ​​е во состојба на висока готовност и се подготвува да распореди илјадници полицајци за да го уапсат поранешниот претседател Родриго Дутерте, откако Интерпол издаде црвена потерница, дознава Манила Тајмс од сигурен извор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Извор запознаен со безбедносните подготовки, изјави дека најмалку 7000 полицајци ќе бидат мобилизирани да го бараат и уапсат поранешниот водач, кој е под истрага од Меѓународниот кривичен суд за илјадници смртни случаи поврзани со неговата војна против дрогата.

Според изворот, безбедносните сили ќе ги обезбедуваат главните влезни точки низ целата земја, вклучително и пристаништата и аеродромите, како подготовка за враќањето на Дутерте од Хонг Конг. Сепак, напорите за негово апсење ќе бидат фокусирани на Метро Манила и Давао, неговата родна покраина, според Манила тајмс.

Бројот на полицајци што треба да бидат распоредени, наводно, е двојно поголем од минатогодишната потрага по основачот на Кралството на Исус Христос, Аполо Киболој. Висок полициски функционер, кој побара анонимност, го потврди ова распоредување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ