четврток, 30 мај 2024

Филипче: Време е за мислење со ладна глава, се носат историски одлуки

Сега е време за размислување со ладна глава, бидејќи одлуките денес имаат големи последици на иднината. СДСМ е партијата која секогаш е на вистинската страна на историјата, која и кога греши не скршнува од вистинскиот пат. Затоа повикувам на масовно обединување кое значи само подобра иднина и сигурен пат напред. А јас, лично ветувам дека во мене секогаш ќе имате партнер и другар а мојата врата ќе биде отворена за сите, рече Венко Филипче на првиот митинг од кампањата во Демир Капија.

Објавено на

часот

Сподели

Носителот на СДСМ во четвртата изборна единица на првиот ден од кампањата порача дека граѓаните бираат помеѓу два суштински различни концепти на овие избори.

„Пред нас се избори на кои граѓаните бираат помеѓу два многу различни концепти. Едниот е нашиот, кој гарантира зачувување на мирот, стабилноста и интегрирање на Македонија во Европа. Нашата порака е јасна и искрена. СДСМ го нуди патот на развојот и сигурноста. Од друга страна е концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој се заснова на дестабилизација, застој, блокади и доведување во прашање на сè она што е постигнато. Нивната понуда е неискрена, нејасна и опасна за иднината на земјата“, рече Филипче.

Тој се осврна на сработеното во последните 7 години и рече.

„Го вложивме секој денар за да ги поддржиме семејствата и компаниите во економската криза. Го вложивме секој атом енергија да ги лечиме и спасуваме луѓето во Ковид кризата. Ги донесовме сите мерки да ги намалиме трошоците на родителите да имаат повеќе за своите деца. Ние со дигната глава можеме да кажеме дека СДСМ водеше исправни политики во интерес на сите граѓани во услови на светска дестабилизација. Тоа е дефиниција за лидерство и патриотизам“, изјави Филипче.

Наспроти државничката улога на СДСМ, стои ВМРО-ДПМНЕ чија улога е да го блокира општеството и државата, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ