сабота, 27 јули 2024

Филипче: Вреднување на специјализантите и нивно задржување во македонското здравство

Специјализантите подолго време преку јавни настапи, протести и генерален штрајк, што го започнаа денеска, бараат да бидат исполнети нивните барања за регулирање на работниот статус, покачување на месечниот надоместок и здравствено осигурување за сите специјализанти.

Објавено на

часот

Сподели

Како што најавија, штрајкот ќе трае сè додека не добијат писмени гаранции дека ќе им се исполнат барањата.

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче за време на неговиот мандат обезбеди специјализантите да бидат платени за нивната работа додека специјализираат. Ваквата поддршка за специјализантите беше во насока и на нивно вистинско вреднување и задржување во земјава, нешто што е клучно за здравствен систем кој ќе одговара на потребите на граѓаните, вели Филипче.

Од 2018 година приватните специјализанти за првпат земаа плата, а месечниот надомест беше во висина на просечна плата, односно како плата на општ лекар. Со измените кои се направија во Законот за здравствена заштита, се смени времето што специјализантот требаше да го одработи во установата по завршување на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата. Во мандатот на Филипче се намали и висината на средствата што требаше да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата. Во тој периот политиката на Министерството за здравство беше насочена кон подобрување на статусот на специјализантите, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат.

Филипче вели дека иднината на македонското здравство е во младите лекари и специјализанти, со кои честопати и рамо до рамо ја дели операционата сала во неврохирургија, како и нивните мислења и при креирањето на здравствените политики.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ