понеделник, 21 октомври 2024
Изјава на лидерот на СДСМ

Филипче: Владата не покажува намера да го продолжиме европскиот пат

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче смета дека последните изјави од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на техничката влада на Бугарија, се доказ дека актуелната македонска власт нема намера да се продолжи по европскиот пат. Личен став на Филипче е да се гласа за смена на Африм Гаши од функцијата претседател на Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

„ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт на крила на кампањата со ветување дека ќе ја подобрат нашата преговарачка позиција во однос на франуцскиот предлог и на се што треба да се направи пред почетокот на преговорите со ЕУ. Ветуваа мудра политика и дека ќе направат многу повеќе од тоа што сме постгнале ние. Меѓутоа, се што гледаме е влошување на односите со соседите. Не гледаме ниту чекор во насока да се направи обид во контекст на тоа што го ветуваа. И, ако тоа е дел од стратегијата, јас навистина не гледам што е мудро тука. Сметам дека досега оваа влада не покажала апсолутно никаква намера ние да го продолжиме европскиот пат“, рече Филипче и нагласи дека е обврска на Владата да стори се што може за подобрување на позицијата на државата пред Европската Унија.

Во однос на прашањето дали СДСМ ќе ја поддржи интерпелацијата за собранискиот спикер Африм Гаши, поднесена од Левица, Филипче рече дека партијата денеска ќе води внатрешна дебата за да изгради став, но и одговори дека негов личен став е да се гласа за смена на Гаши.

„Мојот личен став е да се поддржи интерпелацијата и тој став ќе го бранам во партијата. Сепак, СДСМ ќе ја донесе одлуката. Но, премногу престапи се направија во изминатиот период, а токму СДСМ ја запознаваше јавноста со сите тие скандали, но и институциите соопштија дека имаше одредени прекршувања“, рече лидерот на партијата.

Во однос на сопартијката и поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, дали тој ќе побара од неа одговорност, Филипче рече дека е недозволиво партијата на власт да сервира такви информации на партиски прес-конференции.

„Тоа е партиски ПР, што не знам како им користи. Треба сите документи да ги достават до иституциите и ако тие утврдат некаква одговорност тогаш да се преземаат мерки“, рече Филипче, кој денеска заедно со градоначалникот на Центар го посети училиштето „Коле Неделковски“ кое ги прошири своите капацитети и е реновирано.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ