понеделник, 21 октомври 2024
Изјава на лидерот на СДСМ

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ и Вреди никој не знае што се случува на границата со Косово

Никој не знае што се случува на границата со Косово откако ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се на власт и тие ја има под контролата, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче во Битола во врска со последните случаи на бегството на поранешниот припадник на косовското УЧК, Блерим Рамадани и приватното патување на претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши на свадба во Ксово со службено возило и обезбедувањето.

Објавено на

часот

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ ги приватизираше највиталните органи на државата рече Филиплче.
„Контролата на границите е целосно партизирана што ја доведува во опасност државата. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше законско работење, но добивме Влада која ги приватизираше највиталните органи на државата како МВР и граничните премини. Никој не знае што се случува на границата со Косово откако ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ја има под контрола“, рече Филипче.
Безбедносната состојба во државата се влошува, додаде тој потенцирајќи ги, како то нагласи, нерасчистените убиства, пукањата и пресметките на криминалните структури, како и случајот кај Мавровка вчера кој ја потресе јавноста.
„МВР е целосно нефункционална институција и безопасна за криминалците откако ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски ја раководат. Имаме осум убиства и обиди за убиства само за шест месеци, а само едно расчистено. СДСМ ќе продолжи силно да притиска и да ги објавува сите катастрофални политики и работењето на Владата со цел да се подигне свеста дека состојбата е драматично влошена“, рече Филипче.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ од изборите до сега има изгубено околу 100.000 гласови оценувајќи дека приредија олемо е разочарувањето во јавноста дури и кај оние кои гласаа за нив.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипчле денеска во Битола имаше разговори со наставници, со граѓани, како и со членови и симпатизерi на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ