сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Филипче: СДСМ нема да биде салонска партија, туку ќе живее и работи меѓу граѓаните

Во своето обраќање за време на вчерашниот митинг во Струмица, кандидатот за пратеник и носител на листа во ИЕ 4 Венко Филипче, упати порака до сите разочарани граѓани кои на претседателските избори останале дома, сега да не се предаваат на апатијата и да ја дадат својата поддршка, бидејќи како што рече, СДСМ нема да ги изневери.

Објавено на

часот

Сподели

„Не можеме да си дозволиме да молчиме, не можеме да си дозволиме да останеме дома. СДСМ ќе се промени. А јас како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем. Никогаш повеќе СДСМ нема да биде салонска партија, туку партија која живее и работи меѓу граѓаните, меѓу членовите“, истакна Филипче во Струмица.

Затоа, рече Филипче, сите кои се разочарани и решиле на некој начин да изразат револт, сега да изберат мобилизација и да не дозволат поделба.

„Ова е време да покажеме дека срцето на оваа партија чука силно, а тоа срце е секој од вас. Не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ“, повика Филипче.

Тој рече и дека казната на парламентарните избори би значела удар за самите граѓани, а не само за партијата. „Ќе значи заслабување на партијата која ве уверувам дека ќе се врати многу брзо на правилниот колосек. Но за тоа, е потребна вашата поддршка“, повика Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ