сабота, 27 јули 2024

Филипче: СДСМ е на колена, но со мeне ќе биде победничка партија

„Изборните резултати ја клекнаа СДСМ на колена, некои го поставуваат прашањето дали партијата воопшто ќе опстои. Но сметам дека не само што со мое раководење СДСМ ќе опстои, туку повторно ќе биде победничка партија. Ги повикувам сите што го имаат ентузијазам да работат да ми се приклучат и да дадат придинес“, рече Венко Филипче во изјава за медиумите пред поднесување на својата кандидатура за претседател на СДСМ во седиштето на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето за поддршата од Зоран Заев и нели смета дека тој ќе биде во неговата сенка, Филипче одговори дека слушнал такви коментари и истакна:

„Доколку бидам претседател, за кратко време ќе докажам дека ќе владеам со мојот интегритет и достоинство. Тоа што имам одлични релации со Заев говори за мене, зашто имам такви добри релации и со други сегашни и поранешни функционери и со членбството, а тоа е можност за брзо обединување во партијата“.

На прашањето зошто се кандидирал, одговори дека смета дека ги разбрал пораките од членовите на партијата и дека знае како да одговори на предизвикот.

„Како што реков, имам одлична комуникација со сите членови и сметам дека е тоа еден од факторите за брзо обединување во партијата. Сите размислувања ќе бидат вградени во програмата. Членството ќе почувствува дека е дел од раководењето со партијата. Ќе се либерализира и изборот на раководи кадри на локално ниво“.

Тој нагласи дека очекува голема поддршка од членството за да биде избран за лидер на СДСМ и нагласи дека е свесен за одговорноста која ја презема, но дека знае декка може да работи совесно и професионално за добро на партијата.

„Овој ден симболично означува почеток на реформите во СДСМ. Со кандидатурата ќе поднесам и програма со основните постулати. Ќе работам посветено со целата моја енергија и знаење, ќе се раководам од укажувањата на членството. Во оваа трка влегувам сам, сметам дека секој што ќе биде избран треба тимот по само да  го состави. Немам реговори со никого. Сметам дека не треба да се потпишуваат некакви изјави, како што тоа некој го предлага. Тимот треба секој сам да го состави, а не од почеток да се прават поделби и да се поставуваат некакви правила. Треба да имаме фер-плеј и за тоа ќе разговарам со сите кои ќе се кандидираат за лидерската функција, со цел кој и да победи да имаме соработка и разбирање“, рече Филипче и нагласи дека ниеден член на СДСМ нема да биде оставен по страна и вети дека ќе биде отворен и достапен за секој член.

Инаку, рокот за доставување на кандидатури истекува утре, а изборот на нов претседател на СДСМ е закажан за 30 јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ