вторник, 8 октомври 2024

Филипче прво бараше на затворена седница, а сега пред граѓаните, Мицкоски да каже како Македонија ќе влезе во ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска изјави дека премиерот Христијан Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска на собраниска седница пред пратениците и граѓаните да го кажат планот за европската интеграција на Македонија. Претходно Филипче бараше планот да биде изложен на затворена собраниска седница.

Објавено на

часот

Сподели



„Процесот на евроинтеграции на државата е блокиран од страна на Владата, се должни пред граѓаните да го кажат планот со кој би ги подобриле позициите во преговарачкиот процес како што ветуваа во изборниот период. Тие кажуваа дека имаат некаков план, некаква поддршка од некои земји, за тоа дека ќе ги подобрат нашите услови во процесот на преговори меѓутоа ние досега од тоа не видовме ништо.  Ниту видовме некој обид да се подобри нашата преговарачка позиција, ниту имаме временска рамка кога тоа ќе се случи и затоа е неопходно што побрзо да се случи таа собраниска седница за владата и премиерот да го кажат планот за нашиот евроинтегративен процес“, изјави Филипче на настан во Крива Паланка.

Филипче нагласи дека СДСМ ќе даде поддршка на секоја владина стратегија која, ќе значи подобар живот за граѓаните, но, како што рече, нема да прифатат празни ветувања.

„Нас не ни требаат ниту флоскули, ниту митигашки пароли, ни треба конкретен план во Собранието. Премиерот и ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на власт со огромни ветувања дека ќе ја подобрат нашата позиција во тој преговарачки процес, дека ќе обезбедат подобри услови. Имајќи предвид дека тоа не се случува, а тие го блокираа европскиот интегративен процес, а тоа не го кажаа за време на кампањата. Доколку тоа не се случи, ќе стане очигледно дека станува збор за една голема лага. Во таа смисла, ние ќе чекаме да видиме како ќе се одвива тој процес, ќе ја поддржиме секоја стратегија на Владата која што ќе ни обезбеди подобри услови во процесот на преговори. Но, нема да служиме за алиби ниту ќе гледаме како тие ја манипулираат и ја лажат јавноста и граѓаните“, рече Филипче.

Претходно Филипче бараше планот да биде изложен на затворена собраниска седница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ