петок, 27 декември 2024

Филипче предложи заедничка натпартиска државна стратегија, Гаши ја поддржа идејата

Венко Филипче. претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предложи да се направи заедничка натпартиска државна стратегија која ќе го гарантира долгорочниот развој на државата и ќе ги обедини политичките партии околу реални и издржани планови. Оваа понуда засега доби поддршка само од Африм Гаши, претседателот на Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

„Во изминатите шест месеци слушнавме понуди за повеќе национални платформи, декларации, некакви повици за обединување. Жално е кога се гледа како партиите од власта терминот обединување го користат всушност за политички поделби. Нудам реално решение кое се темели на заедништво и долгорочна визија. Бидејќи СДСМ никогаш не била и нема да биде неконструктивна опозиција, еве јас ќе им дадам реална понуда, а не таква лажна за поделби. Ги повикувам да создадеме заедно државна стратегија и платформа која ќе биде натпартиска, наднационална и надетничка. Да создадеме заедничка платформа во која сите партии ќе имаат свој придонес и никој нема да ја поседува. Тоа е рецепт за вистинско обединување“, изјави Филипче.
За изработка на таквата платформа, Филипче предложи конкретни чекори велејќи дека СДСМ е подготвена за натпартиска соработка која ќе го стави интересот на граѓаните и државата пред политичките манипулации и поделби
„Од денес им нудам формирање на тимови од сите парламентарни партии кои ќе работат на ваквата платформа, да ги дефинираме стратешките позиции во сите области. Да ги дефинираме клучните проекти и во здравството и во образованието и во надворешната политика. И сите заедно да излеземе пред граѓаните и да кажеме ова е планот за државата и ова се проектите кои ниедна влада ниту сега ниту во иднина нема да ги кочи и опструира“, рече Филипче.
Тој смета дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ води катастрофална економска политика која  резултира со огромна економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните.

„Поддржувам идеи кога се работи за државнички пристап кон работите, но сепак како претседател на Собранието не сакам да се инволвирам во вакви работи. Јас би поддржал, би учествувал ако мислат дека можам да помогнам, но не мислам дека треба да коментирам политички изјави на други политички актери во државата“, вели Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ