сабота, 27 јули 2024

Филипче пред Анкетната комисија: За лековите за пациентите одговорен е менаџментот, а не министерот

Директорот на клиниката Нино Васев е врвен професионалец кој помагал секому, а доколку некој се сомнева дека тој сторил кривично дело, тоа може да се истражи, одговори поранешниот министер за здравство Венко Филипче на прашањето на Рашела Мизрахи, претседателката на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија

Објавено на

часот

Сподели

На денешното сослушување пред Анкетната комисија за случајот на Клиниката за онкологија беа поранешниот и сегашниот министер за здравство Венко Филипче и Фатмир Меџити.

За овој случај, Јавното обвинителство води истрага, а групи пациенти и членови на семејствата на починати од рак протестираат барајќи одговорност.

Филипче рече дека и пред да стане министер имало систем со кој не се знаело какви лекови се даваат, особено за пациентите со малигни болести и за дијабетичарите, но, дека законот е променет и оттогаш лековите се увезуваат по европски критериуми.

Паралелниот увоз на лекови кој постоел до 2018 година, како што рече Филипче, овозможувал лековите што влегуваат во државата да бидат без сертификат за квалитет. За тоа што биле набавувани лекови на реверс, Филипче рече дека тоа било направено за пациентите да не останат без лек.

„Реверсот е за пациентите да не останат без лек. Во јануари имате 100 пациенти со една дијагноза. Во март дошле 20 нови, а првите 100 мора цела година да го примаат лекот. Затоа е земан реверсот. Не го оправдувам тоа, ама нема што да прават. Ќе останеле пациентите без лек. Системот треба да се смени“, рече Филипче. Давањето и контролата на лекови, како што кажа, не е работа на министерот, тоа е работа на менаџментот и на главната сестра.

Филипче пред пратениците кажа дека не бил запознаен со КАТО-системот кој со години е неупотребуван на Онкологија и дека за време на на неговиот мандат немало пропусти во работата на клиниката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ