„Прво да кажам дека очекувам брза и транспарентна истрага и секој кој што го прекршил законот, треба да одговара. Апсолутно некоректно и непринципиелно да се доведува СДСМ во некаква врска со тие бизниси, со Пуцко петрол кога видовме дека во изминатиот период огромен број на постапки и тендери кај градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ од страна на нивни министерства ги добивал токму таа компанија. Очекувам брза и транспарентна истрага. Ќе повторам, секој кој што го прекршил законот, мора да понесе одговорност“, рече Филипче.
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обвинија дека СДСМ е директен учесник во криминалот со канцероген мазут тежок 167 милиони евра.
„На македонската јавност и е многу јасно дека за дебело да профитира нивната политичката и бизнис елита, СДС и ДУИ посегнаа и кон труење на граѓаните. Пуцко Петрол е омилена компанија од владеењето на СДС и ДУИ. Таа е фирма на син на омилениот пратеник на СДС од ДУИ, Исмаил Јахоски. Седум години Пуцко петрол заедно со РКМ ги труеле граѓаните со канцероген мазут. Седум години СДС го толерирала Пуцко петрол, затоа што и самите беа вклучени во криминалот тежок скоро 167 милиони евра, преку кој со канцероген мазут го труеја народот. Директни учесници на СДС во овој криминал во ТЕЦ Неготино, се нивниот кадар и директор во бегство од правдата, Васко Ковачевски и другите нивни функционери“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.