вторник, 23 април 2024

Филипче: Кога ќе се обединиме повторно околу идеалите, ќе победиме на изборите

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата од Изборна единица 4, неврохирургот Венко Филипче, вчера при својата посета на Струмица пред своите сопартијци говореше дека како партија СДСМ треба да се обедини кон желбата да се помогне на секој еден наш сограѓанин.

Објавено на

часот

Сподели

„Кога ќе се обединиме повторно околу идеалите и тоа јасно и јавно ќе го кажеме, јас сум сигурен дека ќе победиме на изборите. Ние сме најдобрата опција којашто граѓаните може да ја добијат на овие избори“, рече Филипче.

Тој ги повика да дадат поддршка на секој еден граѓанин на кој тоа му е потребно и да не остават ниту една група на граѓани неискомуницирана.

„Треба да го правиме тоа што сме го правеле секогаш, а тоа е да комуницираме со луѓето, да не оставиме ниту еден граѓанин неслушнат, ниту една група на граѓани неискомуницирана“, рече Филипче при вчерашната посета на Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ