По крајот на сезоната Талески го напушти Вардар, денеска беше претставен како ново засилување на Бенфика.
„Доаѓам во голем клуб. Никола Митревски и Борко Ристовски ми кажаа многу за Бенфика. Ова е добар чекор за мене, ќе се бориме заедно за нови титули“, кажа Талески.
Талески претходно играше за Металург, по што се пресели во Рајн-Некар Левен, а играше уште и за Балинген и Вардар.