„Во проектот учествуваат и неколку основни и средни училишта во земјава. Проектот се планира да биде долгорочен. Во првата фаза, која ја вклучува 2024 година, фокусот е на функционалната писменост во областа на јазиците, односно на развивање на вештините на читање со разбирање, поврзување информации од различни извори, критичко размислување и аргументација.
Понатаму, се планира соработка и со други институции, како и вклучување на други области што се изувчуваат во основното и средното образование“, се вели во соопштението од факултетот.