„Нашиот протест продолжува сѐ до конечната промена на оваа одлука“, рече синоќа концерт мајсторот Владимир Костов, пред почетокот на концертот.
Во средата, вработените во Македонската филхармонија протесираа и пред Министерството за култура. И дадоа црвен картон на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, која, сѐ уште не го решила проблемот со просторното сместување на Џез оркестарот во концертната сала на Филхармонија.
Наместо грижа и конструктивност при решавање на проблемот, нашата институција е „нападната“ од инспекции и има блокирана сметка, пишуваат филхармоничарите во денешното соопштение до јавноста.
Оркестарот на Македонската филхармонија утре заминува за Ниш, каде што в недела ќе настапи во рамки на фестивалот “Музички едикт”.