четврток, 30 мај 2024

Филаделфија обезбеди плеј-оф, Атланта ја заврши сезоната (ВИДЕО)

Филаделфија во крајно неизвесен меч го победи Мајами со 105-104 и се пласираше во плеј-офот, Атланта ја заврши сезоната откако загуби од Чикаго со убедливи 131-116.

Објавено на

часот

Сподели

Првото полувреме му припадна на Мајами, жешките на одморот имаа предност од 51-39, но работите се променија во вториот дел. Филаделфија одигра значително подобро, го сврте натпреварот и на крајот го доби мечот со 105-104.

Ембид со 23 поени и 15 скокови беше најдобар во составот на Филаделфија, Батум постигна 20, кај Мајами Хироу реализираше 25 поени.

Филаделфија во плеј-офот ќе игра против Њујрок, а Мајами ќе има уште една шанса да стигне до таму. Тие ќе имаат уште еден плеј-ин меч, против Чикаго кој синоќа беше подобар од Атланта.

Чикаго уште на стартот воспостави доминација на теренот, ја доби првата четвртина со 40-22, Атланта успеваше да ја намали негативата, но не и да го сврти резултатот. На крајот биковите победија со 131-116.

Коби Вајт со 42 поени беше убедливо најдобриот во составот на Чикаго, одличен беше и Вучевиќ со 24 поени и 12 скокови. Кај Атланта Мареј даде 30 поени.

Овој пораз значеше крај на сезоната за Атланта, а Чикако ќе се обиде со победа над Мајами да стигне до плеј-офот каде за противник ги чека Бостон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ