понеделник, 21 октомври 2024

ФИЈУК – Саем на независни издавачи денеска во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат организаторите, на овој „ФИЈУК саем“ ќе има работилница за печатење колаграфија од 16 до 18 часот со Алиса Лаурешес и Ана Трајковска.

Оттаму велат дека „Фијук“ саемот е настан инициран од колективот Матријаршија во Белград, со цел да собере на едно место што поголем број на мали издавачи кои се бават со уметничка продукција, со цел нивно поврзување, вмрежување и поголема видливост. Истиот се шири во овој формат и под ова име и во Хрватска, Шведска, Словенија со повремени настани кои привлекуваат значителен број на публика и е секогаш поддржан со музичка програма. 

„ФИЈУК саем го задржува својот специфичен идентитет со една единствена цел, да презентира нови возбудливи изданија и да овозможи нивен понатамошен живот. Досега е одржуван три пати на БОШ Фестивал, а со неговото прво издание во Скопје, го најавуваме 15-тото издание на фестивалот кој ќе се одржи оваа година од 18 до 20 август во Гевгелија.

Фијук е место на нови идеи, реализирани во различни материјални форми, графики, плакати, постери, музика, мапи, арт книги, фотографии или монотипии. Фијук е простор за средби, размени, разговори, љубови и симпатии, каде ќе го најдете она парче среќа што долго го баравте. Почувствувајте го пулсот на локалната независна уметничка сцена, поддржете го истот со допир, насмевка, критика или најдобро купете си дело и овозможете понатамошен крвтоток на жилавата алтернативна сцена“, пишуваат во објавата на Фејсбук од ФИЈУК саем и информираат дека плакотот е дело на Јелена Белиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ