петок, 18 октомври 2024

ФИФА планира 1,2 милијарда долари профит од СП 2014

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке, деновиве престојува во најфудбалската земја, домаќин на СП првпат по 1950 година, а вчера им порача на Бразилците дека мора да го укинат спорниот закон за забрана на точење алкохол.

„ФИФА се надева дека ќе има приход од 3,5 милијарди долари, додека расходите би требало да се движат некаде до 2,3 милијарди долари. Тоа значи дека очекуваме профит од 1,2 милијарда долари“, рече Валке.

Приходот се очекува да биде помал во однос на Јужна Африка пред две години, кога ФИФА имаше 4,1 милијарди долари.

„Околу 80 отсто од тие пари се враќаат во фудбалот“, напомена Валке.
ФИФА пред две години првпат стигна до една милијарда долари резерви, што е неверојатен успех, откако пред една деценија главниот стратегиски партнер им банкротираше и ја доведе организацијата на работ на егзистенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ