сабота, 27 јули 2024

Фидел Кастро: И робот би бил подобар од Обама

Објавено на

часот

Сподели

85-годишниот Кастро, поранешниот претседател на Куба, ова го напишал во едно од своите „размислувања“ што одвреме-навреме ги објавува во кубанските медиуми.

Во текстот насловен „Најдобриот претседател за САД“ тој пишува дека „90 отсто од Американците со право на глас, особено Латиноамериканците, Црнците и сè поголемиот број припадници на осиромашената средна класа“, кога би требало да избираат меѓу Обама, републикански кандидат или робот, би го заокружиле третото.

Кастро додава дека Обама е „безнадежно опседнат со желбата за реизбор“.

Што е уште полошо, пишува Кастро, секој од републиканските кандидати за претседател со себе носи повеќе идеи за нуклеарно вооружување отколку за мир, алудирајќи на неколкуте предизвикувачи на Обама што се залагаат за поцврста позиција кон Иран.

Кастро и порано го има вербално напаѓано американскиот претседател. Пред повеќе од три месеци го нарече „глупав“, реагирајќи на повикот на Обама упатен кон жителите на Куба да му се придружат на бранот демократски промени на „арапската пролет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ