петок, 26 јули 2024

Фицо тврди дека нема војна во Киев и дека животот во тој град се одвива „сосема нормално“

Премиерот на Словачка Роберт Фицо наведе дека животот во украинската престолнина се одвива „сосема нормално“ и дека нема војна, еден ден пред својот прв состанок со украинскиот премиер и само неколку часа откако руски ракети паднаа на Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фицо, кој ја презема власта во октомври и ја сврте насоката на словачката надворешна политика за да ја сопре воената поддршка на Украина, зборуваше на прес конференција на истокот на Словачка.

Тој треба да се сретне со украинскиот колега Денис Шмихал во градот Ужгород на западот на Украина.

Новинар го праша Фицо дали би било прикладно за него да отпатува во Киев за подобра да ја сфати украинската војна со Русија, која се наближува до втората годишнина од руската инвазија.

„Постои конфликт кој е локализиран“, одговори Фицо, прашувајќи: „Навистина верувате дека има војна во Киев? Се шегувате, ве молам, се надевам дека не сте сериозен. Отидете таму и ќе видите дека во градот се одвива нормален живот, сосема нормален живот“.

Додаде дека е попрактично да се сретне во Ужгород, за кој кажа дека украинската страна го избрала откако Фицо првично барал средба на заедничката граница на двете земји.

Фицо и претходно давал изјави кои се разликуваат од официјалниот колективен став на Западот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ