„СМЕР-СД е спремен со коалицијата да разговара и да се договориме за прекин на снабдувањето со електрична енергија на Украина и значителни намалување на поддршката за украинските граѓани кои се наоѓаат на територијата на Словачка“, наведе Фицо во видео-порака објавена на Фејсбук.
Словачка ќе изгуби 500 милиони евра годишно од надоместот за транзит на гасот, изјави Фицо. Тој пресметал дека европската Унија поради прекинот на испораките на руски гас преку Украина ќе има финансиски товар од 60 до 70 милијарди евра.
Тој истакна дека тој износ земјите членки на ЕУ ќе го плаќаат во повисоки цени на гас и струја.
„Руската Федерација нема да биде оштетена практично на никаков начин. Само Соединетите Американски Држави ќе имаат корист од одуката на претседателот (на Украина Володимир) Зеленски преку зголемување на извозот на гас во Европа“, додаде Фицо.
Тој изрази надеж дека и коалициските партнери сериозно ја сфаќаат ситуацијата со прекинот на транзитот на гасот.
Словачкиот премиер кажа дека земјата би можела да бара компензација за загубите настанати поради одлуката на Украина да го прекине транзитот на рускиот гас.
Тој истакна дека транзитот на рускиот гас е еден од изворите на приход на буџетот на Словачка.
Договорот за транзит на рускиот гас за Европа преку Украина истече на 31 декември.