сабота, 27 јули 2024

Фицо се огласи за првпат по атентатот: Има тешки здравствени последици, но му простува на напаѓачот

Премиерот на Словачка Роберт Фицо се огласи денес по првпат откако беше тешко ранет во атентат пред три недели кажувајќи дека не го мрази напаѓачот, дека му простува и дека не планира судски да го гони.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фицо оцени дека атентаторот е „гласник на злото и политичката омраза“ и предупреди дека „во Европската Унија изгледа престанало да постои правото на поинакво мислење“.

Фицо пред овонеделните избори за Европскиот парламент ѝ се обрати на јавноста со снимен говор објавен на интернет.

Словачкиот премиер кажа дека има тешки здравствени последици од нападот и дека нема да се врати на работа во следните неколку недели.

Фицо на 15 мај во градот Хандлова североисточно од Братислава го погодија четири куршуми во стомакот додека се поздравуваше со поддржувачи. Напаѓачот беше веднаш уапсен.

Процени дека бил нападнат поради својот проруски став кон војната во Украина и другите ставови по кои драстично се разликува од гледиштето на „европскиот мејнстрим“.

Фицо минатата недела беше пуштен од болницата во Банска Бистрица и сега заздравува дома во Братислава.

Пред атентатот неговата влада предизвика големи прописи со обидите да ги измени прописите за јавното информирање, и беше критикувана дека се обидува да преземе целосна контрола над јавната телевизија и радиото. Поради тоа, како и неговите планови да го измени кривичниот закон за да се елиминира постоењето на специјалниот обвинител за политичка корупција неговите противници тврдеа дека Словачка оди кон автократија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ