петок, 10 јануари 2025

Фицо: Путин вети дека ќе продолжи да ја снабдува Словачка со гас

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека руски Газпром ќе најде алтернативни начини за испорака на договорениот гас во Словачка по прекинот на испораките преку Украина, изјави денес словачкиот премиер Роберт Фицо.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фицо се сретна со Путин во Москва на 22 декември за да разговара за гасот и војната во Украина откако Киев одлучи да не дозволи проток на рускиот гас низ Украина од 1 јануари.

Фицо се закани дека ќе преземе возвратни мерки против Киев бидејќи Словачка сака да продолжи да го добива рускиот гас преку Украина за да ги намали трошоците и да продолжи да заработува како транзитна земја од понатамошните испораки во Европа.

„Разговарав со Путин за договорот меѓу нас и Газпром, тој кажа дека тие мораат некако да ни го испорачаат гасот. Во можност сме да протуркаме нешто низ Јужен тек (патот преку Турција), но засега имаме складишта, словачката потрошувачка е обезбедена“, кажа Фицо во словачкото собрание.

Словачкиот премиер кажа дека Путин гарантирал дека Русија ќе ги исполни своите обврски, иако капацитетите на Турски тек и поврзаните гасоводи кои го носат рускиот гас преку Турција во Европа се ограничени.

Дел би можел да биде испорачан преку западна Европа, кажа Фицо, мислејќи на поврзаноста на Словачка со гасните мрежи на соседите во централна и западна Европа.

Фицо истакна дека Европа трпи загуби од повеќе милијарди евра поради растот на цените на гасот без околу 13,5 милијарди кубни метри гас кои стигнуваа преку Украина минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ