среда, 23 октомври 2024

Фицо ја критикуваше Украина поради санкциите за Лукоил: Нема да бидеме заложници на вашите односи со Русија

Словачка нема да биде „заложник“ на украинско-руските односи, му порача словачкиот премиер Роберт Фицо на својот украински колега, откако Киев ја санкционираше руската групација Лукоил, што доведе до прекин во испораките на нафта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Словачка и Унгарија неделава објавија дека престанале да добиваат нафта од својот најважен снабдувач Лукоил, откако Украина минатиот месец го забрани транспортот на нафта на руската енергетска компанија преку својата територија.

За Словачка тоа значи губење на залихи за рафинеријата Словнафт, која е во сопственост на унгарската групација за нафта и гас МОЛ.

Канцеларијата на словачката влада во саботата соопшти дека Фицо телефонски разговарал со украинскиот премиер Денис Шмихал и му рекол дека Словачка нема намера да биде „заложник на украинско-руските односи“.

Словнафт ќе добие 40 отсто помалку нафта за преработка отколку што му е потребно, соопшти владата, што најверојатно ќе ги погоди словачките пазари, а покрај тоа ќе доведе и до прекин на испораките на дизелот од Словнафт во Украина.

„Ставањето на Лукоил на листата санкционирани е само уште еден пример за неразумни санкции кои нема да влијаат на Руската Федерација, туку најмногу на некои членки на Европската унија, што е неприфатливо“, се вели во соопштението од канцеларијата на Фицо.

Фицо веќе долго време ги критикува санкциите против Русија, а откако дојде на власт по четврти пат минатата година, престана да испраќа воена помош за Украина и критичарите велат дека води надворешна политика премногу блиска до Москва.

И додека ЕУ веќе воведе санкции за руската сурова нафта, некои земји како Словачка направија исклучоци за да овозможат повеќе време за транзиција кон алтернативни извори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ