сабота, 27 јули 2024

ФФМ пушти во продажба билети за мечот против Бугарија во Разград

Објавено на

часот

Сподели

Билетите се по цена од 600 денари, едно лице ќе може да купи четири влезници. Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост:
 
„Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија – Македонија во Разград на 2. јуни од Лига на нации,  од денеска (26. мај 2022), можат да купат билети за мечот на стадионот „Хувефарма“ преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.
 
Цената на билет за натпреварот е 600 денари (вклучено ДДВ и достава). 
 
ЛИНК за купување на билети за натпреварот Бугарија – Македонија: 
 
 
Продажбата ќе трае до понеделник (30. мај 2022). Своите билети за натпреварот, купувачите ќе ги добијат во вторник (31. мај 2022), преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите. 
 
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со пополнување на бараните податоци за идентификација (име и презиме, датум на раѓање, број на пасош, контакт телефон). 
 
Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи.
 
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ