четврток, 6 март 2025

ФФМ објави онлајн платформа за продажба на билети

Од натпреварот Македонија – Велс, Фудбалската федерација на Македонија билетите за нашата репрезентација ќе ги продава преку своја онлајн платформа.

Објавено на

часот

Сподели

ФФМ денеска ја објави платформата и даде инструкции за користење.

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја стави во употреба својата on-line платформа (eticket.ffm.mk) за продажба на влезници за натпреварите на македонската репрезентација.

Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа, (eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.

Во неколку чекори подгответе се за натпреварот:

1. Посетете ја платформата eticket.ffm.mk;

2. Изберете натпревар;

3. Одберете седиште;

4. Извршете уплата;

5. Преземете го дигиталниот билет;

Со оваа платформа добивате: Безбедно и лесно купувањена билети, предвремен пристап до влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање во реално време за достапноста на билетите.

Електронската платформа eticket.ffm.mk е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Посетете ја eticket.ffm.mk за повеќе информации и бидете дел од поинакво фудбалско искуство“, се вели во соопштението на ФФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ