сабота, 19 октомври 2024

ФФМ ја одреди цената на влезниците за натпреварот Македонија – Ерменија

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите за натпреварот од Лигата на нации на нашата репрезентација против Ерменија.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот против Ерменците го играме на 10. септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Цената на влезница за натпреварот изнесува 200 денари (источна и западна трибина) и 400 денари (јужна и северна трибина). 1500 денари е цена на влезница во ВИП ложата.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ