Денес нема да има фудбал во Македонија, ФФМ соопшти дека се одложени сите натпревари во сите конкуренции поради страшната трагедија во Кочани.
Во исто време од фудбалската куќа испратија и сочувство до семејствата и блиските на настраданите.
„Фудбалската федерација на Македонија ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции. Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка“ – се вели во соопштението
„Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции. Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви“.