сабота, 19 октомври 2024

Фестивал „Преку езерото“: Видео омаж од филмови со Владо Јовановски

Посетителите на филмскиот фестивал „Преку езерото” синоќа имаа посебно задоволство одблиску да го запознаат и да слушнат за животната и уметничката приказна на нашиот прв лауреат на наградата Мето Јовановски за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот, мајсторот на актерската игра, бескрајно вљубениот во човечките емоции и чистата актерска природност, Владо Јовановски.

Објавено на

часот

Сподели

Втората вечер од филмскиот фестивал „Преку езерото” започна со разговор со нашиот лауреат кој го водеше режисерот Саша Станишиќ, разговор, кој беше посветен на животниот и творечки пат на Владо Јовановски во уметноста на филмот. Следуваше блескавото актерско достигнување на Владо Јовановски во кусометражниот филм „Татко“ во режија на Светозар Ристовски. И најпосле, сите посетители на „Преку езерото” имаа можност директно да поставуваат прашања за ѕвездата на платното.

Претходно, во претпладневните часови, како дел од студентската програма во овогодинешното издание на „Преку езерото“ се одржа првиот пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови. Високите температури не беа пречка талентираните млади да ги споделат своите идеи и планови со директорот на фестивалот Јани Бојаџи и Александар Русјаков – ментор за пишување сценарија.

Официјалното отворање ќе биде денеска со почеток од 20 часот во амфитеатарот во Стар Дојран со доделување на наградата „Мето Јовановски“ на актерот Владо Јовановски, како и проекција на филмот „Руски конзул“, последниот филм на Мето Јовановски.

Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, нуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ