сабота, 27 јули 2024

Фестивал на уникатни домашни производи во Дајмонд мол

Од 17 до 19 мај Дајмонд мол ќе биде домаќин на уште еден интересен настан – Фестивал на македонски домашни производи. На фестивалот што ќе се одржува под мотото „Вкус и традиција“, своите производи ќе ги изложат 15 домашни производители на традиционални прехранбени производи и пијалаци. Во деновите на одржување на фестивалот, посетителите во Дајмонд мол ќе имаат  уникатна можност да се запознаат, да вкусат и да набават голем број автентични  производи како што се: домашен путер и масло од лешник, производи од тартуфи, комбуха, афион, бобинки и бадем, потоа домашно зреено месо и сувомеснати производи, сирење, зимница и мед, како и ракија, вино и пиво произведени во мали семејни дестилерии, винарници и пиварници.   

Објавено на

часот

Сподели

Со организацијата на овој настан Дајмонд моол овозможува поголема промоција на 
традиционалните домашни производи со висок квалитет, кои честопати не можат да се
најдат на рафтовите во продавниците, што истовремено значи и голема поддршка за 
малите локални производители на ваквиот вид храна и пијалаци.    
Овој настан совршено се вклопува во концептот на Дајмонд мол (Diamond Mall) кој нуди врвно искуство и уникатно доживување за сите, преку комбинацијата на можности за одличен шопинг, за гастрономско уживање и за забава. Благодарение на ваквиот уникатен концепт, Дајмонд мол за кратко време од неговото отворање прерасна во новата популарна дестинација за сите жители и посетители на главниот град. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ