сабота, 27 јули 2024

Фестивал на грчки филм во Скопје и Битола

Фестивалот на грчки филм по четврти пат ќе се одржи во Скопје и во Битола. Фестивалската програма, покрај скопската ќе ја погледне и публиката во Битола, градот на филмот, градот на богатата кино-култура, градот на почетоците на балканската кинематографија со Браќата Манаки.

Објавено на

часот

Сподели

Отворањето на Фестивалот на грчки филм е на 7 април (недела), во Скопје, а во Битола ден подоцна, на 8 април  (понеделник) и ќе ја понуди есенцијата на грчката филмска уметност од последните неколку години, прикажувајќи вкупно 6 филма: 3 долгометражни и 3 кратки филмови.

Филмовите во Скопје ќе бидат прикажани во Кинотеката на Македонија, а во Битола во Кино Манаки.

Амбасадорката на Грција, Софија Филипиду се осврна на филмот „Жена –убиец“/ ФОНИСА во режија на грчката режисерка Ева Натена.

„Филмот е инспириран од познатиот роман на познатиот грчки писател Алексаднрос Пападијамантис. Тој е еден од најистакнатите грчки писатели, чии дела имаа големо влијание на модерните грчки автори, а неговиот роман се разгледува низ призмата на родовите студии“, рече Филипиду.

„Жена-убиец“ е втора адаптација на истоимениот роман по онаа на Костас Ферис од 1974 година и  жестоко ја отвора темата на доминација на машкиот над женскиот пол, на жената како жртва на цврсто вкоренетите традиции, обичаи кои долго време биле зацрврстени дури и во позитивното грчко законодавство. Се работи за филм кој е заснован на настани кои реално се случиле.

Во продолжение амбасадорката Филипиду ја најави видео –пораката на Ева Натена, режисерката на филмот која им се обрати на присутните.

„Голема благодарност до организаторите на Фестивалот. Многу сум среќна што филмот ќе се прикажува на Фестивалот на грчки филм во Северна Македонија, би сакала да можам да присуствувам, но тоа е тешко во моментов. Многу важно за мене и моите соработници е што можев да ја опишам траумата на мојата мајка и посакувам сите вистински да го почувствувате филмот“, рече Натена, објаснувајќи дека филмот го работела врз основа на истражувања кои траеле десет години.

„Голема радост е кога човек успева да создаде пријателства, во моменти кога тоа изгледа дека не е можно и таму каде изгледа дека нема простор за тоа. Со ваква мотивација, заедно со помошта и влогот на сите мои прекрасни пријатели и колеги од Хеленската република и особено драгите пријатели од Амбасадата на Хеленската Република, создавањето на овој фестивал е чисто задоволство за мене“, рече Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова и организатор на Фестивалот.

Програмата е составена од филмови со различни жанрови и филмски стилови, како и филмови кои успешно пливаат по повеќе жанрови како што се филмот „НЕВИДЛИВ“, на Димитрис Атанитис, кој во основа е социјална драма, но режисерот прилично  експериментира со својата филмската нарација. Како дел од програмата имаме филм и режисер кои припааат на новиот т.н. Чуден филмски бран во Грција. Всушност тоа е филмот „НЕ БИ САКАЛ ДА СУМ НЕПРИСТОЕН, НО МОРАМЕ СЕРИОЗНО ДА РАЗГОВАРАМЕ“, кој еден од најинтересните  и најгледани филмови во последните години во Грција. Режисерот на овој филм Јоргос Георгопулос, е еден од преводниците на Грчкиот чуден филмски бран, заедно со Атина Цангари и Јоргос Лантимос. Филмот има особено необичен филмски израз и градење на филмската нарација, оригинална филмска приказна, правејќи силна алегорија на изместеноста и немањето баланс во машко-женските односи, каде можни жртви се само жените, а изразувањето и задоволувањето на мажите оди лесно ко песна.
И покрај тоа што сите филмови го заслужуваат вниманието на публиката, посебно ми е драго што како дел од оваа програма го имаме филмот кој и покрај тоа што не кокетира со комерцијални вредности, во Грција руши рекорди на гледаност. Се работи за филм кој е заснован на настани кои реално се случиле, како што е убивањето на женски бебиња заради сиромаштија и обичаите што жените ги ставале во многу тешка состојба. Зборува за страшни злосторства потив човештвото во тоа време, но кои всушност силно и директно реферираат и на денешниот свет.
Всушност како што ќе изјави и авторката на филмот, филмот е и еден вид на студија на жената во модерниот свет.

Четвртото издание на Грчкиот филмски фестивал во Скопје и Битола, не само што ќе ја претстави и доближи грчката филмска уметност и култура до нас и ќе понуди длабок увид во истите, туку ќе даде и силен импакт во нашето општество, комуницирајќи теми кои реферираат на нашето современо општество, но и на жешки теми кои се актуелни во повеќе делови од светот, рече Јовановиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ