недела, 20 октомври 2024
Формула 1

Ферстапен запиша уште една победа, прв ја мина целта во Мексико

Актуелниот шампион, Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Мексико и стигна до својата 16. победа со што го подобри својот рекорд.
 

Објавено на

часот

Сподели

За Макс Ферстапен ова беше 51. победа во кариерата со што се изедначи со легендарниот Алан Прост.

Фестапен на стартот го мина Шарл Леклер кој ја имаше пол позицијата и до крајот рутински стигна до нова победа во Мексико.

Во 35. круг трката беше во 20 минутен прекин поради излетувањето на возачот на Хас, Кевин Магнусен. Трката не ја заврши ниту Серхио Перез за кого ова беше домашна патека, тој уште на стартот дојде до контакт со Леклер и не можеше да продолжи за разлика од возачот на Ферари кој продолжи без последици. 

Второто место го освои Луис Хамилтон, а последното место на подиумот му припадна на Леклер.

Бодови освоија уште и Карлос Саниц (Ферари), Ландо Норис (Мекларен), Џорџ Расел (Мерцедес), Даниел Рикиардо (Алфатаури), Оскар Пјастри (Мекларен), Александер Албон (Вилијамс), Естебан Окон (Алпин).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ