сабота, 27 јули 2024

Ферстапен со победа ја отвори новата сезона, еден-два триумф за Ред Бул

Актуелниот шампион во формула 1, Макс Ферстапен триумфално ја отвори и новата сезона откако прв ја мина целта на трката за ГН на Бахреин.

Објавено на

часот

Сподели

Откако синоќа дојде до пол-позицијата, Ферстапен доминантно ја извозе и денешната трка. Возачот на Ред бул немаше конкуренција и прв стигна до целта.

Второто место го освои неговиот клупски колега, Серхио Перез со што комплетираше максимални бодови за Ред Бул на првата трка.

Најголем губитник денеска беше Шарл Леклер кој стартуваше како втор, а заврши на четвртата позиција, пред него беше другиот возач на Ферари, Карлос Саинц кој се качи на подиумот.

Во топ десет завршија Џорџ Расел, Ландо Норис, Луис Хамилстон, Оскар Пјастри, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ