Ферстапен кој претходно победи и на спринт трката во Остин, беше најбрз и на главната трка за ГН на САД. Место на подиумот имаше и за Луис Хамилтон од Мерцедес и Ландо Норис од Мекларен.
Разочарување беше Шарл Леклер од Ферари кој ја имаше пол-позицијата за оваа трка, но заврши на шестото место.
Покрај водечката тројка пред него беа уште и неговиот клупски колега Карлос Саинц и Серхио Перез од Ред Бул.
Бодови освоија уште и Џорџ Расел (Мерцедес), Пјер Гасли (Алпин), Ланс Строл (Астон Мартин) и Јуки Џунода (Алфатаури).