сабота, 27 јули 2024
Формула 1

Ферстапен најбрз низ улиците на Монте Карло

Објавено на

часот

Сподели

На улиците во Монте Карло е тешко да се претекнува, па Ферстапен тргна како прв и така и заврши во трката која не понуди големи возбудувања.

Во последната третина од тркага дождот направи мал хаос во кој Ферари излезе како губитник. Карлос Сајнц се изврте за да загуби добра позиција и на крајот тој заврши како осми, а Леклер на шестата позиција.

Серхио Перез, вториот возач на Ред Бул, кој имаше несреќа на квалификациите и тргна како последен, не дојде до бодови и имаше гранпри викенд за заборав.

Зад Ферстапен остана Фернандо Алонсо од Астон Мартин, кој остана на второто место од каде тргна на трката, а трет беше Естебан Окон од Алпине. Во првите пет место имаше и за двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

За Ферстапен ова е 39-та победа во кариерата, втора во Монако и сега ја зголеми предноста во генералниот пласман откако Перез не освои бодови, а Алонсо се приближи до третиот Перез со освоените нови 20 бодови за 95 на контото, десет зад Мексиканецот. Со оваа победа, Ферстапен стана најдобар возач во историјата на Ред Бул надминувајќи го Себастијан Фетел, поранешниот светски првак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ