сабота, 19 октомври 2024

Фероинвест продолжува со изградба на фотонапонски електрани за клиенти, пуштена нова во Ресен

Нова фотонапонска електрана од 4 мегавати е пуштена во работа во близина на Ресен, изградена од Фероинвест за клиентот Лумос Груп од Ресен, информираа од компанијата.

Објавено на

часот

Сподели

Електраната е изведена на благо ридско земјиште во близина на влезот на градот Ресен од страната на Преспа и е изградена во четири целини со максимална професионалност на проектантите, инженерите и техничарите на Фероинвест и ЕМС.

Инвеститорот, ресенската фирма Лумос груп, која инвестира во обновливи извори, е посветена на производството на чиста електрична енергија и на трендот на енергетската транзиција, а довербата за изведување на електраната му ја довери на Фероинвест како лидер на полето на енергетиката во последните 15 години.

Фероинвест на своите клиенти им нуди и мониторинг и одржување на нивните електрани со цел истите да произведуваат со својот максимален капацитет, како и обезбеден откуп на електричната енергија по најповолни цени.

За своите клиенти, Фероинвест почна да изведува и батерии, преку кои се постигнува оптимално искористување на вишоците произведена електрична енергија од фотоволтаици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ