сабота, 19 октомври 2024

Феро инвест на Интерсолар – најголемиот светски саем за соларна енергија во Минхен

Објавено на

часот

Сподели

Беа зацврстени партнерските односи со светски познатите компании Трина (Trina), специјализирани за соларни панели, Гудви (Goodwe) за инвертери за електрични централи, ПВ кејс (PV Case) за софтвери за проектирање и многу други кои се специјализирани за одредени сегменти во изградба и одржување на фотоволтаични електрични централи. 

Посебен акцент беше ставен на средбите со производители на батериски системи за складирање на електрична енергија, како дел од проектираните цели на Феро инвест да биде првата македонска компанија која ќе инсталира ваков систем во фотоволтаична електрична централа. 

Интерсолар (Intersolar) e најголемиот светски саем за соларна енергија, а оваа година собра на едно место околу 2.500 компании од 57 земји во светот, кои ги изложуваа своите производи и услуги, а над 105.000 лица го посетија саемот.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ