Хамилтон трката ја почна од пол-позицијата и успеа до крајот да се задржи на неа по што дојде до својата прва победа за Ферари.
Зад себе ги остави Оскар Пјастри од Мекларен и актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул кој заврши како трет.
Во топ десет завршија уште и Расел, Леклер, Цунода, Антонели, Норис, Строл и Алонсо.
Главната трка за Големата награда на Кина се вози утре, недела.