Феенорд одигра одличен меч, беше доминантен тим против Лацио, создаде повеќе големи шанси и трипати погоди.
Во 25. минута Хименез постигна погодок по една одлична акција, но поради мал офсајд му беше поништен. Но, истиот играч само шест минути подоцна даде гол за водство од 1-0.
Пред самиот крај на првиот дел гол даде и Зероки за предност од 2-0.
Во 74. минута Хименез постигна уште еден гол за 3-0, а десет минути подоцна Педро погоди од пенал за конечни 3-1.
Барселона не беше убедлива, но ги освои трите бода против Шахтар победувајќи со 2-1.
Во првото полувреме Торес и младиот Лопез победија за водство од 2-0, во 62. минута Судаков намали на 2-1, што беше и конечен резултат.