За веќе легендарниот тенисер тоа е деветти по ред пласман меѓу четворицата најдобри на турнирот во Мелбурн што е рекорд на овој турнир со 117-годишна традиција. Во претходните осум години Федерер дојде до четири титули, има еден пораз во финалето (од Надал во 2009 година) и три елиминации во полуфиналето, меѓу кои е и таа од Новак Ѓоковиќ лани со максимални 0-3.
Федерер на Дел Порто му дозволи да земе само девет гема (6-4, 6-3, 6-2), но за Аргентинецот самиот пласман во четврт-финалето е задоволувачки со оглед на тоа пред само неколку месеци беше дури 485. на АТП-листата поради подолгата пауза поради повреди.