Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN, одлука што оваа агенција ја донесе откако по доставени научни докази, утврди дека продажбата на производот е во согласност со принципите на заштита на јавното здравје.
Така, ZYN стана првиот и единствен производ од ваков вид одобрен од ФДА.
Ова овластување на сите никотински кесички ZYN што моментално се продаваат во САД, чиј производител е Swedish Match, компанија која во 2022 година ја купи Philip Morris International, претставува важен чекор кон заштита на јавното здравје преку обезбедување на подобри алтернативи на возрасни корисници на цигари и други традиционални тутунски производи.
Според достапните докази, ФДА заклучи дека ZYN обезбедува повеќе здравствени придобивки за населението отколку ризици.
Том Хиерс, претседател на Swedish Match за Северна Америка, рече дека „околу 45 милиони Американци редовно консумираат никотин, а околу 30 милиони од нив пушат, што е најштетниот облик на консумирање никотин. Одлуката на ФДА ја препознава улогата што ZYN може да ја игра во заштитата на јавното здравје помагајќи им на луѓето да се откажат од цигарите и другите традиционални тутунски производи“.