сабота, 2 ноември 2024

ФБИ загрижено: Можен е напад во САД сличен на оној во концертната сала во Русија

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) е загрижено поради можноста од организиран напад во Соединетите Американски Држави сличен на оној што минатиот месец се случи во концертната сала Крокус сити хол во Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа, како што пренесе Ројтерс, планира да го каже директорот на ФБИ, Кристофер Реј, на панелот на Претставничкиот дом денеска.

„Гледајќи наназад во мојата кариера во спроведувањето на законот, би ми било тешко да се сетам на време кога имаше толку многу закани за нашата јавна и национална безбедност одеднаш. Но тоа е така денес, додека седам овде“, треба да им каже Реј на американските пратеници.

Во нападот на 22 март во концертна сала во предградие на Москва загинаа најмалку 144 луѓе, што е најсмртоносниот напад во Русија во последните 20 години.

Одговорноста ја презеде разгранокот на милитантната група Исламска држава, но рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја обвини Украина.

Американските власти се загрижени поради можноста за напад од поединец или мала група инспирирана од војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сепак, ФБИ е сè позагрижено од покоординиран напад по масакрот на концертот во Русија, ќе рече Реј за време на неговото сведочење.

Загрижувачки е „потенцијалот за координиран напад овде во татковината, сличен на нападот на ИСИС што го видовме во Концертната сала во Русија пред неколку недели“, планира да каже тој.

Реј, исто така, планира да изврши притисок врз законодавците да ја обноват американската програма за надзор, нарекувајќи ја неопходна алатка против американските противници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ